• четврток, 26 март 2026

Министерството за економија и труд почнува информативни денови за мерките за вработување – прв настан денес во Прилеп

Министерството за економија и труд почнува информативни денови за мерките за вработување – прв настан денес во Прилеп

Прилеп, 5 јуни 2025 (МИА) - Министерството за економија и труд во наредниот период ќе организира информативни денови во поголем број општини, на кои пред јавноста ќе се презентираат мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, како и за останатите мерки предвидени со Програмите за работа на Министерството.

Првиот информативен ден, како што информираат од Министерството, ќе се одржи денеска во салата на Советот на Советот на Општина Прилеп, каде ќе присуствува заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

На овие средби покрај претставници од Министерството, ќе бидат присутни и претставници од локалните самоуправи, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

На инфо деновите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на министерството за економија и труд. дма/сст/

Фото:МИА архива

Остани поврзан