• петок, 22 ноември 2024

Министерствата за финансии и за здравство бараат нов финансиер за доизградба на новата Клиничка болница во Штип

Министерствата за финансии и за здравство бараат нов финансиер за доизградба на новата Клиничка болница во Штип
Пробиштип, 6 јуни 2022 (МИА) - Се бара нов финансиер за доизградба на новата Клиничка болница во Штип, истакна премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, кога ќе продолжи изградбата на овој објект. Новиот финансиер го бараат министерствата за финансии и за здравство. Ковачевски подвлече дека претходниот финансиер се повлекол од овој проект поради одењето во стечај на штипската градежна компанија „Бетон“, како и поради неисполнети обврски од договорот и од обврските од договорот за финансирање на проектот што е од странска мултилатерална финансиска институција. -  Таа странска мултинационална финансиска институција пред извесен период кажа дека не може да финансира проект што е со изведувач којшто е практично компанија во стечај. Да бидам искрен тој проект оди на душа на претходната власт што беше со 2016 година  со оглед на тоа што сите тие процеси тогаш се случувале и во моментов Министерството за финансии заедно со Министерството за здравство работи на изнаоѓање на нов финансиер кој откако ќе ја скенира ситуацијата ќе одлучи за финансирање и за продолжување понатаму на работите преку избор на изведувачи што ќе бидат способни тоа да го направат, вели Ковачевски. Порача дека финансии секогаш има, меѓутоа мора да се најде институција која што врз основа на добро скенирање на состојбата што е досега ќе обезбеди проект што ќе може да биде реализиран, а не само да биде ветуван.  вдј/цр

Остани поврзан