• понеделник, 25 ноември 2024

Министерска конференција „Вештачка интелегенција - предизвици и можности за медиумите и демократијата“

Министерска конференција „Вештачка интелегенција - предизвици и можности за медиумите и демократијата“
Скопје, 10 јуни 2021 (МИА) - Информациите можат да спасат животи. Ова е еден од најважните факти за кој не научи ситуацијата создадена од пандемијата. Медиумите и информациите во времето во кое живееме, се предмет на радикални промени во форма и содржина, беше една од главните изјави за кои се согласивме за време на министерската конференција на тема „Вештачка интелегенција - предизвици и можности за медиумите и демократијата“, заедно со министри, други претставници на земјите-членки на Советот на Европа и пошироко, како и истакнати експерти од областа на слободата на изразување и претставници на клучните меѓународни институции од оваа област, информира вечерва Министерството за информатичко општество и администрација. Конференцијата што се одржува денеска и утре е форум за министрите да разговараат и да се согласат за активностите што треба да се преземат за справување со влијанијата на дигиталните технологии врз слободата на изразување, промена на медиумското опкружување и неговото влијание врз демократските процеси, како и да се обезбеди одржливост и заштита на слободата на изразување во време на криза. Утре, во рамките на оваа конференција, земјите-членки се очекува да усвојат финална декларација и четири резолуции што се однесуваат на овие теми, кои претставуваат значителни предизвици за демократските општества денес. Министерството за информатичко општество и администрација наведува дека во наредниот период ќе ја разгледа потребата од релевантни законски измени со цел нашата земја да биде во чекор со најновите случувања и предизвици од онлајн димензијата на слободата на медиумите. сп/

Остани поврзан