• недела, 16 март 2025

Министерот Љутков со сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани

Министерот Љутков со сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по повод трагичната несреќа која рано утрово се случи во дискотека во Кочани, изрази длабко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.

-Сите институции од областа на културата во Скопје ги отворија вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои тоа им е потребно, посочи министерот Љутков, соопшти Министерство за култура и туризам. вг/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан