Министерот Љутков во Белград на премиера на „Уна“ во режија на Дејан Пројковски и Никола Ристановски во главната улога
- Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчера присуствувал на премиерната изведба на претставата „Уна“, во режија на Дејан Пројковски, која се одигра во театарот „Звездара“ во Белград, на сцената „Данило Бата Стојковиќ“.
Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчера присуствувал на премиерната изведба на претставата „Уна“, во режија на Дејан Пројковски, која се одигра во театарот „Звездара“ во Белград, на сцената „Данило Бата Стојковиќ“.
„Уна“ е работена според култниот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица. Главниот лик во претставата го игра актерот Никола Ристановски.

-Белградската публика со громогласен аплауз и стоечки овации ги награди актерите: Никола Ристановски, кој го игра главниот лик – универзитетскиот професор Мишел Бабиќ, Магдалена Мијатовиќ во улогата на студентката Уна, Сена Ѓоровиќ како сопругата на професорот, Олга, и Марко Гверо во улогата на проректорот Дукиќ, соопшти Министерството за култура и туризам.
Сценографијата за претставата е на Валентин Светозарев, костимограф е Ивана Ристиќ, а музиката на композиторот Горан Трајкоски.

-Министерот Љутков истакна дека претставата „Уна“ е уште една потврда за високото ниво на соработка во културната размена меѓу Македонија и Србија, како и за креативната моќ на македонските уметници на меѓународната сцена, се додава во соопштението.
Репризни изведби на „Уна“ се закажани за 13 и 26 октомври во театарот „Звездара“. хс/дма/
Фото: Министерство за култура и туризам