• понеделник, 23 декември 2024

Министерот Филков во Будва на средба со неговиот унгарски колега Бенце Тузсон

Министерот Филков во Будва на средба со неговиот унгарски колега Бенце Тузсон

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков во Будва остварил средба со унгарскиот министер за правда, Бенце Тузсон.

- Нашите односи со Унгарија се пријателски, а земјата ни е значаен поддржувач во процесот на пристапување кон Европската унија, напиша на неговиот фејсбук профил министерот Филков.

Тој објави дека со задоволство ја прифатил поканата од министерот Тузсон и ќе присуствува на меѓународната конференција „Правна конкурентност - инструменти на правото за поконкурентна Европа“, што ќе се одржи во Будимпешта на 11 и 12 ноември. цр/са/

Фото: фејсбук на министерот Игор Филков

Остани поврзан