Министерот Трипуновски ја посети фабриката „Винчини“
- Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуноски денеска ја посети виничката фабриката за кондиторски производи „Винчини“, која според него, претставува вистински пример за македонски успех.
Виница, 13 февруари 2026 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуноски денеска ја посети виничката фабриката за кондиторски производи „Винчини“, која според него, претставува вистински пример за македонски успех.

-Со извоз во над 60 земји низ светот, околу 500 вработени и широк асортиман на висококвалитетни производи, „Винчини“ покажува како се гради македонско најдобро, смета министерот Трипуновски.
Тој вели дека македонските компании се столб на домашната економија, поддршка за земјоделските производители и доказ дека нашите производи можат рамноправно да се натпреваруваат на светските пазари.
-Преку кампањата „Македонско најдобро“ го поддржуваме домашното производство и новите инвестиции, со што се промовира македонскиот квалитет, кој заслужува препознатливост и почит, порача од Виница министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот Трипуноски во посетата на „Винчини“ беше придружуван од градоначалникот на Општина Виница Митко Костадиновски. ис/мд/
фото: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство