• сабота, 21 декември 2024

Министерот Тошковски на средба со шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз

Министерот Тошковски на средба со шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.

На средбата, како што оопшти МВР, била потврдена досегашната добра полициска соработка во делот на брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал.

-Двете страни се сложија дека сето тоа придонесува за поефикасно координирање и спроведување на активностите со меѓународните криминалистички служби, во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал и дека ваквите традиционално добри односи и соработка ќе продолжат и во иднина, се наведува во соопштението од МВР. дма/нд/

Фото: МВР

 

 

Остани поврзан