• недела, 22 декември 2024

Министерот Пенов ќе се сретне со градоначалникот на Општина Боговиње

Министерот Пенов ќе се сретне со градоначалникот на Општина Боговиње

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска ќе оствари средба со градоначалникот на Општина Боговиње.

Како што наведува Кабинетот на Пенов, Министерството за локална самоуправа и Владата во континуитет обезбедуваат финансиска поддршка за развој на општините и на планските региони бидејќи досега се обезбедени над 75 милиони денари. Ќе се врши подобрување на патната инфраструктура и подобрување на енергетската ефикасност со користење обновливи извори на енергија преку поставување фотоволтаици. Вкупната вредност на проектот е 24 милиони денари.

Преку Програмата за намалување на диспаритетите, со цел да им помогне и на помалите општини да реализираат инфраструктурни проекти кои што се важни за општината и за граѓаните, Министерството за локална самоуправа со 14.4 милиони денари ќе го гради општинскиот пат од Палчиште до автопатот.

Во оваа општина ќе се развива и Проект за урбана трансформација на Полошкиот регион, со воведување на е-услуги, што ќе ја олесни работата на администрацијата, но и ќе го олесни пристапот до услугите на граѓаните, со вкупната вредност од 13 милиони денари. мч/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан