Министерот Муртезани во работна посета на Париз
- Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе оствари работна посета на Париз. Како што соопшти МЕП, посетата е во рамки на „интензивирањето на билатералната соработка и продлабочувањето на партнерството со Франција во контекст на европската интеграција на Северна Македонија“.
Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе оствари работна посета на Париз. Како што соопшти МЕП, посетата е во рамки на „интензивирањето на билатералната соработка и продлабочувањето на партнерството со Франција во контекст на европската интеграција на Северна Македонија“.
-Предвидени се средби со високи претставници на Владата на Француската Република, меѓу кои со министерот делегиран за Европа при француското МЕиНР - Бенжамен Хадад, со генералниот секретар за европски работи во Секретаријатот за европски работи (SGАE) - Емануел Пуизе-Жовен, со раководството на Expertise France и Француската агенција за развој (AFD), како и со претставници на реномираниот институт Жак Делор, соопшти Министерството за европски прашања.
Од МЕП додаваат дека целта на работната посета е „унапредување на институционалната соработка, размена на добри европски практики и мобилизирање на техничка и финансиска поддршка за реформската и интеграциската агенда на Северна Македонија“. хс/дма/
Фото: МИА архива