Министерот Мисајловски учествува на состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во Брисел
- Контакт групата за одбрана на Украина, позната уште и како Рамштајн група, е сојуз на 57 земји - сите 32 членки на НАТО и 25 други држави - и плус Европската Унија, кои како одговор на руската инвазија го поддржуваат Киев со испраќање воена опрема.
Брисел, 4 јуни 2025 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево во Брисел учествува на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, со кој претседаваат неговите колеги од Велика Британија и Германија, Џон Хејли и Борис Писториус.
Контакт групата за одбрана на Украина, позната уште и како Рамштајн група, е сојуз на 57 земји - сите 32 членки на НАТО и 25 други држави - и плус Европската Унија, кои како одговор на руската инвазија го поддржуваат Киев со испраќање воена опрема.
На состанокот присуствува и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.
Заседанието на Контакт групата се одржува во пресрет на утрешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кои е предвидено да се разговара за новите цели на Алијансата за зајакнување на одвраќањето и одбраната, зголемување на инвестициите наменети за одбрана, поддршката за Украина и нуклеарното одвраќање. сп/
Фото: Министерство за одбрана