• петок, 19 декември 2025

Министерот Минчев се сретна со претставникот на СИГМА, Баграт Тунјан

Министерот Минчев се сретна со претставникот на СИГМА, Баграт Тунјан

Скопје, 9 јули 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска имаше работна средба со Баграт Тунјан, раководител на тимот за стратешко планирање и развој на политики и државен менаџер за земјава во рамки на СИГМА – заедничка иницијатива на ОЕЦД и Европската унија.
 
Во фокусот на разговорот беа новите реформски закони кои се во завршна фаза во Собраниската процедура, како за и подзаконските акти кои треба да ја обезбедат нивната ефективна примена. Овие акти претставуваат след на првиот реформски пакет и се клучни за системска промена во управувањето со човечки ресурси, унапредување на институционалната отчетност и модернизација на јавните услуги, соопшти Министерството за јавна администрација (МЈА).
 
Министерот Минчев ја истакна важноста од експертската и институционална поддршка од СИГМА во овој процес, особено во делот на консултациите за содржината на законите и обезбедување усогласеност со европските стандарди. Тој го најави и вториот пакет на реформски закони кои ќе се однесуваат на стабилност и предвидливост во управувањето со јавната администрација, ќе обезбедат поголема одговорност на раководниот кадар и ќе придонесат кон правичен и одржлив систем на плати. 
 
Претставникот на СИГМА, Тунјан ја реафирмираше поддршката на СИГМА за реформскиот процес и изрази подготвеност за вклучување во сите фази на подготовка, од анализа и оценка, до стручна поддршка во изработка на подзаконските акти и воспоставување механизми за имплементација.
 
Двете страни се согласија дека континуираниот дијалог, координираниот пристап и партнерството меѓу Министерството и СИГМА се суштински за воспоставување современа, транспарентна и професионална јавна администрација, усогласена со европските вредности.
 
Министерството за јавна администрација, како што се нагласува во соопштението, останува целосно посветено на реализација на реформите во интерес на граѓаните и во тесна соработка со сите релевантни национални и меѓународни чинители.са/

Фото: МЈА

 

 

 

 

Ви благодариме.

 

Со почит,

 

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Министерство за Јавна Администрација на Република Северна Македонија

Остани поврзан