• понеделник, 23 декември 2024

Министерот Маричиќ попладнево во Брисел на средба со Хан

Министерот Маричиќ попладнево во Брисел на средба со Хан
Скопје, 25 март 2021 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ попладнево во седиште на Европската комисија во Брисел ќе има работен состанок со еврокомесарот за финансии Јоханес Хан. Како што соопшти Министерството за правда, неколкудневната работа посета на Брисел, Маричиќ ја продолжува и со средби со европратеници, а за реформите во правосудството, владеењето на правото и европските интеграции на земјава ќе разговара и со хрватската европратеничка Желјана Зовко. Во текот на денот предвидена е и средба на министерот со претставници на дијаспората на која ќе се разговара за пописот и потребата да се попишуваат масовно иселениците и на тој начин директно да придонесат во развојот на државата. бак/сп/

Остани поврзан