Министерот Лимани и евроамбасадорот Рокас ќе се обратат на настан за проект за квалитет на социјалните услуги
- Како што појаснуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, проектот е финансиран од Европската Унија и има за цел да поддржи изградба на функционален, транспарентен и ефективен систем за социјални услуги достапни за сите граѓани, особено за ранливите категории.
Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и амбасадорот на Европската Унија во државава Михалис Рокас, денеска ќе се обратат на настан по повод почетокот на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги во Република Северна Македонија“.
Како што појаснуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, проектот е финансиран од Европската Унија и има за цел да поддржи изградба на функционален, транспарентен и ефективен систем за социјални услуги достапни за сите граѓани, особено за ранливите категории.
- Во наредните 24 месеци, проектот ќе се спроведува низ целата држава, преку активности насочени кон институционално зајакнување, развој на стандарди и индикатори, нови методологии за лиценцирање и обуки за професионалци, истакнуваат од Министерството.
На денешниот настан предвидено е и да бидат споделени искуства и очекувања од страна на граѓански организации и корисници на социјални услуги. бд/са/
Фото: „Фејсбук“ - страница на министерот Лимани