Министерот за одбрана на Турција пристигна во официјална посета на Србија

Белград, 24 октомври 2023 (МИА) - Во официјална посета на Србија вечерва пристигна турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ и Ѓулер за време на дводневната посета ќе разговараат за актуелната безбедносна состојба во земјата, регионот и светот, како и за соработката во областа на одбраната, се наведува во соопштението.
Министрите утре ќе имаат разговори во четири очи, а потоа и официјални разговори меѓу делегациите на двете држави. зш/