• петок, 22 ноември 2024

Министерот за надворешни работи на Мали бара мировната мисија на ОН да се повлече од неговата земја

Министерот за надворешни работи на Мали бара мировната мисија на ОН да се повлече од неговата земја

Њујорк, 16 јуни 2023 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Мали, Абидулаје Диоп побара денеска пред Советот за безбедност на Обединетите нации мировната мисија на Светската организација, позната како Mинусма (Minusma), „без одлoжување“ да се повлече од неговата земја.

Диоп оцени дека мировната мисија „имала неуспех“ во извршувањето на безбедносните задачи.

„Владата на Мали бара Минусма веднаш да се повлече. Меѓутоа, нашата Влада е подготвена да соработува со Обединетите нации“, рече Диоп.

Шефот на малиската дипломатија претходно ги отфрли сите можности за промена на мандатот на мировната мисија во Мали, што беше предложено од генералниот секретар на Обединетите нации. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан