• недела, 22 декември 2024

Министерот за дијаспора Чупи на средба со дебарскиот градоначалник Дука

Министерот за дијаспора Чупи на средба со дебарскиот градоначалник Дука
Дебар, 5 февруари 2022 ( МИА) - Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, попладнево остварил средба со Џемаил Чупи, министер без ресор во Владата, задолжен за дијаспора.
- Тема на разговорот беше изнаоѓање можности за соработка на овој министерски ресор со локалната власт во повеќе проекти кои се однесуваат на дебарската дијаспора во САД и во Европа, објави на Фејсбук градоначалникот Дука.
Додава дека било речено дека како појдовна точка би било отворање канцеларија за дијаспора во општина Дебар каде на дијаспората би и се давале услуги тесно поврзани со решавањето на нивните барања и проблеми.
- Од наша страна искажавме подготвеност и добра волја да бидеме дел од реализацијата на овој проект. Ова е идеа од порано, но сега ќе се обидеме да ја реализираме, стои во објавата.
Министерот Чупи, е универзитетски професор од Дебар, кој на последните локални избори беше избран за советник во Советот на оштина Дебар од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, на чија листа беше носител, предложен од Алтернатива.
Дебарската дијаспора во САД брои над 16 илјади лица додека во западноевропските земји има над 10 илјади дебрани. вт/вг/

Остани поврзан