• недела, 22 декември 2024

Министерка за финансии на САД: Се очекува забавување на американската економија, рецесијата може да се избегне

Министерка за финансии на САД: Се очекува забавување на американската економија, рецесијата може да се избегне
Вашингтон, 19 јуни 2022 година (МИА) - Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска изјави дека очекува американската економија да забави во наредните месеци, но дека рецесијата може да се избегне. - Очекувам економијата да забави. Веќе некое време расте многу брзо, економијата закрепна, како и вработеноста. Очекувам транзиција кон редовен и стабилен раст. Мислам дека рецесијата не е неизбежна, рече Џенет Јелен. Таа наведе дека вкупната потрошувачка во САД останува силна со промената на обрасците на потрошувачка, поради зголемувањето на цените на храната и електричната енергија. Министерката изрази отвореност и за намалување на данокот на гориво. Таа додаде дека ќе бидат потребни „среќа и вештини“ за да се намали инфлацијата додека се одржува ниската невработеност. Верувам дека тоа е можно, изјави Џенет Јелен. Американската централна банка во средата го одобри најголемото зголемување на каматните стапки во последните 25 години, со цел да се запре растот на инфлацијата. ссм/

Остани поврзан