• понеделник, 23 декември 2024

Министерката Шекеринска ќе му врачи плакета на шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, полковник Јанкович

Министерката Шекеринска ќе му врачи плакета на шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, полковник Јанкович
Скопје, 28 март 2021 (МИА) - По повод официјалното затворање на Канцеларијата за врски на НАТО, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе му врачи плакета за благодарност на шефот на Канцеларијата, полковник Зоран Јанкович, информира Министерството за одбрана. Во соопштението се посочува дека затворањето на канцеларијата на НАТО означува крај на една соработка која завршува со комплетен успех. Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје ја завршува својата мисија со успех. Една година по полноправното членство на Република Северна Македонија во Алијансата, НАТО канцеларијата заминува од државата. На патот на Северна Македонија кон НАТО, две децении, тимовите на НАТО канцеларија даваа исклучителна поддршка на македонските институции за остварување на стратешката цел. Со своите совети и интензивната соработка помагаа да ги подредиме приоритетите на реформите за членство во НАТО, се додава во соопштението на Министерството за одбрана. сп/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан