• петок, 05 декември 2025

Министерката Манастирлиу предупреди пред почетокот на школската година во Албанија: Во училиште без телефон

Министерката Манастирлиу предупреди пред почетокот на школската година во Албанија: Во училиште без телефон

Тирана, 1 септември 2025 (МИА) – Албанското Министерство за образование и спорт, со посебно упатство, ги утврди правилата и мерките за забрана за употреба на мобилни телефони и сродни уреди во пред универзитетските образовни институции.

-Оваа учебна година, правилото е едноставно за сите. Телефоните не треба да се носат во училиште. Во случај на оправдана потреба од страна на родителот, до училишната администрација, да му се обезбеди телефон на детето, тогаш телефонот се исклучува, ученикот го предава според училишното правило во фиоката или кутијата означена во училницата, од моментот на почетокот до крајот на наставата. Во итни случаи, комуникацијата со родителот се врши само со дозвола или преку наставникот или директорот на училиштето, вели во видео-порака министерката,Огерта Манастирлиу.
 
Во таа насока, во нејзината денешна порака до учениците, наставниците, родителите и целата заедница, предупредува на строго спроведување на забраната за мобилни телефони во училиштата и повика на соработка меѓу наставниците, родителите и учениците, додавајќи дека училиштето треба да биде безбеден простор фокусиран на учење.

-Училиштето е местото каде што ја градиме иднината на нашите деца, тоа е просторот каде што треба да преовладуваат грижата, концентрацијата и почитта едни кон други и учењето што се одвива во училницата. Веќе неколку години имаме правило дека мобилните телефони не смеат да се користат за време на часовите. Но, оваа учебна година, гледајќи го искуството на другите земји и неодамнешните студии, го зајакнуваме спроведувањето на ова правило, за да биде навистина ефикасно, нагласува министерката.

Посочува дека одлуката нема за цел да ја исклучи технологијата, туку да ја ориентира кон нејзина правилна употреба и додава дека новото правило е „јасно и применливо за сите и дека јасно ги дефинира одговорностите на наставниците и родителите“.

Новата учебна 2025/26 година во Албанија почнува на 8 септември. вт/сд/

Фото: принтскрин

Остани поврзан