• четврток, 26 март 2026

Министерката Божиновска и Кимберли Флечер, говорнички на Конференцијата „Јас сум жена“, ова е агендата

Министерката Божиновска и Кимберли Флечер, говорнички на Конференцијата „Јас сум жена“, ова е агендата

Скопје, 27 септември 2025, (МИА)

АГЕНДА на Конференцијата „Јас сум жена“ што ќе се одржи во Македоснка филхармонија на 28 септември 2025 година (недела)

09:30 – 11:00 Регистрација и изложби на:

* Рачни изработки на занаетчики 

* Изложба на скулптури 

* Ликовна изложба на портетите од панелистките 

* Информативни штандови 

 

11:00 - 11:45 Отворање на конференцијата 

 

11:45 - 12:45 Македонки во рурални средини:

• Александра Најдовска Пчеларство

• Лилјана Стоилковска – Фарма за сточарство

• Живка Ѓурчиновска – земјоделство

 

12:45 - 13:00 Кафе Пауза

 

13:00 – 14:00 Македонки во нетипични професии 

• Благица Тасевска - Возач на камион

• Ема Петрова - Конзерватор - реставратор 

• Тамара Ѓондева - Офицер во АРМ

 

14:00 – 15:00 Македонки во енергетика:

• Сања Божиновска – министерка за енергетика

• Анастасија Илиеска - МЕПСО

• Александра Крколева Матеска - Универзитетска професорка 

15:00 – 16:00 РУЧЕК ПАУЗА

 

16:00 – 17:00 Македонки во светот 

• Анастасија Ристовска (Books at ease)

• Катерина Митровска (Agile Pro Solutions)

• Моника Костовска Томашевска (KMT Solutions)

 

17:00 – 18:00 Мајките за Македонија 

• Ребека Јанковска Ристески – мајка на дете со попреченост

• Марија Вук – самохрана мајка на дете кое го победило ракот

• Марија Јанкуловска – мајка на 2 деца по пат на ин витро

• Ирена Чакареска – мајка на 5 деца (многудетна)

 

18:00 - 18:15 Кафе Пауза

 

18:15 – 19:00 Мајките за Америка 

• Кимберли Флечер

 

19:00 - 19:30 Завршни зборови

19:30 - 22:00 коктел

Кимберли Флечер е авторка, колумнистка и претседателка и основач на организацијата Moms for America®. Опишана од медиумите како „мајка која безрезервно ја сака Америка“, таа е сопруга на пензиониран
офицер од Воздухопловните сили и мајка на осум деца. Авторка е на неколку книги, меѓу кои и „WOMEN: America’s Last Best Hope“, и има настапувано на национални медиуми како Fox News, The Blaze и
Breitbart. Со над 17 години искуство во граѓански активизам, учествувала во две претседателски кампањи и е препознаена од актуелниот претседател како клучна фигура за неговиот успех. Денес, таа го шири своето влијание глобално, поддржувајќи враќање кон нормален начин на живеење во различни земји, nејзина лична мисија е да ги инспирира мајките во светот да ја препознаат и применат својата вредност и влијание врз општеството.

Остани поврзан