• петок, 22 ноември 2024

Минималната потрошувачка кошничка во март 36.768 денари, зголемена за илјада денари од почетокот на годината

Минималната потрошувачка кошничка во март 36.768 денари, зголемена за илјада денари од почетокот на годината
Скопје, 7 април 2022 (МИА) - Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка. - Од почетокот на годинава е зголемена за 1.000,00 денари, а во однос на претходната година вомесец март е зголемена за 3.000,00 денари. Најголемо зголемување има кај исхрана и пијалоци  и кај превозот, што значи си продолжува растот на истата, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. За храна и пијалоци во март биле потребни минимум 15.780 денари, а за режиски трошоци 11.597 денари. Останатите пари од синдикалната минимална кошничка се за превоз, облека и за здравствени услуги. И Државниот завод за статистика денеска излезе со најнови податоци за трошоците на живот и цените на мало. Според статистичките податоци, во март инфлацијата изнесува 8,8 проценти во однос на март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари, има зголемување за 1,6 проценти кај трошицте на живот и за 1,5 проценти кај цените на мало. бак/са/  

Остани поврзан