Минатата недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 3 до 9 февруари, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 3 до 9 февруари, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од ЈП ПОЦ и Општина Центар соопштуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на општината. дма/са/
Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар