Минатата недела казнети 114 возачи кои непрописно ги паркирале возилата во општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје од 28 април 2025 година до вчера со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Скопје, 5 мај 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје од 28 април 2025 година до вчера со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
- За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението од ЈП Паркинзи на Општина Центар. мд/нд/
Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар