• вторник, 24 декември 2024

Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал  

Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал  

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши кој е во официјалната посета на Шведска, денеска, придружуван од пратениците Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески, имаше аудиенција кај кралот Карл Шеснаесетти Густав.

Како што информира собраниската прес-служба, претседателот и пратениците изразија благодарност за приемот и овозможената средба со неговото височество и нагласија дека Кралството Шведска е искрен и високо почитуван поддржувач на Република Северна Македонија, а меѓусебните односи се карактеризираат со висок степен на пријателство, заемно разбирање и поддршка. Тие беа информирани дека кралот на Шведска досега двапати ја посетил нашата држава и има посебно убави сеќавања од Охрид.

Претстедателот Гаши и пратениците Стојаноска, Сали и Трајчулески му подарија на шведскиот крал симболична кошничка од традиционални македонски производи од повеќе различни производители. По заедничката средба и предавањето на подарокот, Кралот и претседателот Гаши осварија получасовна тет-а-тет средба. мч/аа/

фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан