• недела, 22 декември 2024

Милошоски од Битола: Петровска нема реализирано ниту пет проценти од изборната програма

Милошоски од Битола: Петровска нема реализирано ниту пет проценти од изборната програма
Скопје, 28 април 2021 Денеска сме тука во Битола во Оризари дојдовме да оддадеме почит на Бошко и неговите соборци кои што пред 20 години ги положија своите животи за Македонија, за нејзината државност, самобитност, слобода и тој спомен не треба да се заборави. Тоа што исто така сакам да го споменам е дека тука на ова место каде што Иницијативниот одбор од Оризари го направи ова спомен обележје, сметам дека во скора иднина со една подобра локална самоуправа може да биде и добар спортски рекреативен центар за жителите за оваа населба која што е голема населба. Она што сакам да го истакнам дополнително по однос на Битола и локалните избори кои што доаѓаат, гледаме дека не е само Петре Шилегов тој кој што важи за мрзелив градоначалник, веројатно голема конкуренција може да му прави и градоначалничката Наташа Петровска за која што гледаме од самата Битола и населбите во околината дека нема остварено ниту 5 проценти од она што го ветуваше во пред изборната кампања. И сметам дека битолчани ќе знаат како тоа да го оценат на следните локални избори, каде што според мене има многу добро расположение со добар кандидат и реална програма опозицијата да направи сериозен резултат. Одговарајќи на новинарско прашање околу разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат изјави дека тој не би се мешал во внатре партискиот дел на СДСМ, но тој изрази голема загриженост од односот на Владата спрема директорот на таа институција кој е разрешен бидејќи си ја вршел работата како што треба. -Како институција и како човек најголемата забелешка на Владата по однос на директорот Пауновски беше зошто тој пркосел на премиерот и на вицепремиерот. Гледаме дека оваа Влада за жал, кога има такви луѓе кои покажуваат интегритет ги разрешува, а кога има луѓе каде што има сериозни индикации за криминогено однесување не ги разрешува, напротив ги унапредува или штити, посочи Милошоски. И затоа тој смета дека овој случај со директорот Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта и секое покажување на самостојно мислење може да биде ризично за директорот кој што се осмелил да работи законито, а тоа не е добро за нашата држава, рече Милошоски. По однос на образованието, Милошоски смета дека проектот на Мила Царовска преставува една анти реформа и најдобар совет за министерката Царовска освен тоа да ги послуша родителите на учениците и да ги послуша наставниците. -Во време кога 40 илјади ученици во Република Македонија или немаат пристап до интернет или немаат помагала и лаптопи не е добро да се воведува дигитално образование кое што ќе значи социјално раслојување. Дополнително примерите од Хрватска, од Австрија, Србија, Грција и многу други земји кои што се понапредни во ПИСА, покажуваат дека книгата била и треба да остане основното помагало на учениците и на наставниците. И затоа сметам дека Царовска не треба да ја прави оваа анти реформа бидејќи ќе нанесе голема штета на цела генерација ученици, истакна Милошоски. Милошоски, во изјава при теренска посета на Битолско кажа дека справувањето со корона кризата од страна на министерот Филипче е неуспешно и затоа Македонија има најмалку имунизирано население во регионот. Милошоски потенцираше дека доколку министерот Филипче не трчал по провизии и посериозно се занимавал со справување со здравствената криза Македонија немаше да има огромен број на починати и сериозна економска штета. Сметам дека справувањето со корона кризата е неуспешно бидејќи министерот за здравство Венко Филипче наместо да се заминава со набавка на вакцини и обука на персонал за подобра организираност во оваа пандемија тој трчаше по провизии и Македонија остана за жал земја во регионот која што има најмалку имунизирано население рече Милошоски. Милошоски додаде дека за катастрофалната здравствена и економска криза и за огромниот број на загубени животи и работни места министерот за здравство Филипче и премиерот Заев не носат само морална одговорност туку и здравствена и законска одговорност за штетата која е направена. Колку време помина од декември кога Филипче ветуваше дека ќе почне вакцинацијата до денес и колку жртви човечки и жртви економски имаме како држава покажува дека Филипче и Заев не носат само морална туку носат и здравствена и законска одговорност за оваа штета што е направена. Прекумерната смртност за Македонија е катастрофална, а економските штети мислам дека се многу големи и затоа сметам дека тандемот Заев Филипче со непреземање на навремени дејствија нанесоа голема здравствена и економска штета на државата, заврши Милошоски. Изјава на Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан