• четврток, 11 декември 2025

Милошоски - Ле Риголер: Македонија треба да го продолжи својот пат кон полноправно членство во ЕУ

Милошоски - Ле Риголер: Македонија треба да го продолжи својот пат кон полноправно членство во ЕУ

Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Имајќи ги предвид геополитичките тенденции и случувања, потребно е процесот на проширување на Европската унија да продолжи и Македонија да го продолжи својот пат кон полноправно членство во ЕУ, оценија на денешната средба потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски и францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер.

На средбата, како што информира собраниската прес-служба, се разговарало за продлабочување и унапредување на соработката меѓу двете држави и за приближувањето на земјата кон членство во ЕУ.

Потпретседателот Милошоски ги поздрави традиционално добрите и пријателски односи меѓу РС Македонија и Француската Република при што нагласи дека меѓу двете држави постои отворен и конструктивен дијалог и континуирано унапредување на соработката во многу сфери од заемен интерес. Во изминатите години, рече, се забележува динамизирање на политичкиот дијалог на високо и највисоко ниво, кој е конструктивен и пријателски.

Амбасадорот Риголер истакна дека Француската Република ја има усвоено Стратегијата за Западен Балкан за да ја поддржи Европската унија во приближување на регионот кон Европа, како и за да го зајакне политичкиот дијалог со земјите во регионот. мч/вј/

Фото: Собрание на РСМ

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан