• понеделник, 08 декември 2025

Милитао ќе отсуствува 3-4 месеци

Милитао ќе отсуствува 3-4 месеци

Мадрид, 8 декември 2025 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао, ќе отсуствува 3-4 месеци поради повреда, објави новинарот Фабрицио Романо.

На 27-годишниот Бразилец му е дијагностицирана повреда на бутен мускул на левата нога, како и повреда на тетивата. Тој се повреди синоќа во поразот (0:2) од Селта Виго во 15. коло од шпанската фудбалска лига.

Фудбалерот има одиграно 16 натпревари во сите натпреварувања во сезоната 2025/26, постигнувајќи еден гол и една асистенција.

Во сезоните 2023/24 и 2024/25, Милитао претрпе неколку сериозни повреди, вклучувајќи и скинување на вкрстените лигаменти, поради што пропушти над 100 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан