• четврток, 21 ноември 2024

Милитао поради повреда може да ги пропушти натпреварите со Барселона и Шахтјор

Милитао поради повреда може да ги пропушти натпреварите со Барселона и Шахтјор
Мадрид, 14 октомври 2021 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао, се здоби со мускулна повреда на десната нога на натпреварот на Бразил против Колумбија во квалификациите за Светското првенство 2022. Според „Марка“, 23-годишниот дефанзивец, може да го пропушти не само натпреварот против Шахтјор во Лигата на шампионите на 19 октомври, туку и натпреварот против Барселона во Ла Лига на 24 овој месец. Во тековната сезона, Милитао има одиграни осум натпревари во шпанското првенство. Реал е лидер на табелата со 17 бода, исто колку што имаат и второ и третопласираниот Атлетико Мадрид, односно Реал Сосиедад. зс/

Остани поврзан