• четврток, 21 ноември 2024

Милитао би можел да се врати на фудбалските терени во март

Милитао би можел да се врати на фудбалските терени во март

Мадрид, 24 февруари 2024 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао е блиску до враќање во тимот.

Како што пренесе „Relevo“ Бразилецот ќе има време да закрепне навреме за четвртфиналето на Лигата на шампионите доколку мадридскиот клуб стигне до оваа фаза. 

Четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи во средината на март.

Во август 2023 година, во 1. коло од Ла Лига против Атлетик (2:0), Милитао ги скина  вкрстените лигаменти на коленото.

За тренерот на Реал Мадрид со евентуалното враќање на Милитао ќе биде големо олеснување пред завршниот дел од сезоната. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан