• четврток, 15 мај 2025

Милик го продолжи договорот со Јувентус

Милик го продолжи договорот со Јувентус

 

Торино, 30 април 2025 (МИА) – Италијанскиот гигант Јувентус официјално објави денеска дека го продолжи договорот со 31-годишниот полски фудбалер Аркадиуш Милик до јуни 2027 година.

Милик се приклучи на Јувентус во 2022 година, првично како позајмен од Марсеј, пред полскиот напаѓач официјално да стане играч на Јувентус една година подоцна. Милик досега одигра 59 прволигашки натпревари за клубот од Торино, постигнувајќи 11 голови.

Милик блесна порано во својата кариера додека го носеше дресот на Наполи, во чиј дрес одигра вкупно 93 натпревари во Серија А и постигна 38 голови.

Во кариерата настапуваше и за Баер, Аугсбург и Ајакс.

Милик во последно време се бори со бројни повреди, а последен пат играше за Јувентус кон крајот на мај минатата година. И покрај неговата неодамнешна сериозна повреда на коленото, Јувентус одлучи да му го продолжи договорот. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан