• четврток, 26 март 2026

Миле Тодоров исчезнат во јануари, виден кај планината Серта

Миле Тодоров исчезнат во јануари, виден кај планината Серта

Неготино, 29 мај 2025 (МИА) - Миле Тодоров на возраст од 28 години кој се води за исчезнат од месец јануари, виден е кај планината Серта, се вели во објавата на социјалните мрежи, со која се бара да се споделува, бидејќи е важно, за да се пронајде младиот неготинец.  

- Од очевидци, нашиот другар, пријател, брат, Миле Скечо е виден како се движи покрај планината Серта, релација Неготино-Штип. Најбитно е секој што патува натаму доколку го забележи, бил ослабнат со долга коса и брада, да пријави веднаш во најблиската полициска станица, би ве замолиле и за да можиме во што поголем број да дејствуваме, пишува во објавата, чија веродостојност ја потврдија за МИА и блиски на момчето. 

Според информациите што претходно беа споделени, тој последен пат бил виден на 30 јануари. 

Од СВР Велес на неколку пати имаат кажано дека се трага со сите ресурси по момчето од Неготино.свд/ 

Фото: Фејсбук објава 

Остани поврзан