• сабота, 04 мај 2024

Милер стигна до 500 победи со Баерн

Милер стигна до 500 победи со Баерн

Минхен, 3 февруари 2024 (МИА) – Баерн Минехн денес во натпреварот од 20. коло на германскиот фудбалски шампионат ја победи Борусија од Менхенгладбах со 3:1. За напаѓачот Томас Милер оваа победа беше 500-та како дел од тимот на Минхен, објави бундеслигашот на својот веб-сајт.

Триесет и четириодишниот Германец забележа 690 настапи за Баерн.

Оваа сезона Милер одигра 24 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигна два гола и осум асистенции.

Неговото деби за првиот тим на Баварците беше во август 2008 година против Хамбург (2:2). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан