Милер: Пике отсекогаш беше голем спортист
- Играчот од средниот ред на Баерн, Томас Милер ја коментираше одлуката на дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике да се пензионира.

Минхен, 5 ноември 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред на Баерн, Томас Милер ја коментираше одлуката на дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике да се пензионира.
- Отсекогаш сте биле силен противник и голем спортист. Шампион и легенда на нашиот спорт. Ти благодарам Џерард, напиша Милер на социјалните мрежи.
Пике вчера објави дека овој месец ќе ја напушти Барселона и ќе стави крај на професионалната кариера. зс/