• петок, 05 декември 2025

Милер го одигра последниот натпревар во ЛШ во дресот на Баерн

Милер го одигра последниот натпревар во ЛШ во дресот на Баерн

Минхен, 17 април 2025 (МИА) - Реваншот од четвртфиналето против Интер (2:2) беше последен за напаѓачот на Баерн Томас Милер во Лигата на шампионите како играч на клубот од Минхен. 

По последниот судиски свиреж, 35-годишниот Германец се прости од навивачите на тимот кои присуствуваа на гостувањето во Милано.

На почетокот на април се дозна дека Баерн нема да му го обнови договорот на Милер кој истекува ова лето. Фудбалерот помина 25 години во клубот.

Милер одигра 163 натпревари за Баерн во Лигата на шампионите, постигнувајќи 57 голови и 34 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан