„Милениумска патека“ по петти пат по падините на Сува Гора
- Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВРЗГ) во соработка со Планинарскиот клуб Јелак и Македонската православна црква, на 30 октомври (недела), по петти јубилеен пат
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВРЗГ) во соработка со Планинарскиот клуб Јелак и Македонската православна црква, на 30 октомври (недела), по петти јубилеен пат ќе ја одржи планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ поставена во 2018 година во чест на јубилејот 1000 години од формирањето на Охридската архиепископија.
Планинарската рута се одвива по лесна стаза прилагодена за различни возрасти, по падините на Сува Гора која изобилува со природни убавини и богато културно наследство сочинето од археолошки пронајдоци на ранохристијански базилики и средновековни цркви и манастири значајни за македонската културна и духовна ризница.
Од КОВРЗГ информираат дека сите кои сакаат да учествуваат се добредојдени и треба да се пријават во ПК Јелак.са/