• петок, 22 ноември 2024

Милеи го нарече колумбискиот колега „терорист-убиец“

Милеи го нарече колумбискиот колега „терорист-убиец“

Богота, 28 март 2024 (МИА) – Колумбија протера голем број аргентински дипломати како одговор на навредите што претседателот Хавиер Милеи ги упати кон неговиот колумбиски колега, Густаво Петро.

Милеи, во интервју за Си-ен-ен што ќе се емитува на 31 март, го нарече колумбискиот претседател Петро „терорист-убиец“. Тој исто така сугерира дека Колумбија под левичарскиот претседател Петро би можела да пропадне и да „наликува на Венецуела и на Куба“.

- Во Венецуела има масакр, тоа е навистина без преседан, исто како и на тој затворски остров, Куба … И има и други кои одат по тој пат, како што е Колумбија со господин Петро … Па, не може да се очекува многу од некој кој бил терорист-убиец, нели?, наведе Милеи, алудирајќи на минатото на колумбискиот претседател.

Петро во 80-тите години од минатиот век беше борец на герилската група М-19.

Колумбиското Министерство за надворешни работи соопшти дека Милеи го повредил достоинството на претседателот Петро и дека ќе протераат голем број аргентински дипломати, без да прецизираат точна бројка. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан