• понеделник, 23 декември 2024

Милевски: Со поддршка на Министерството за локална самоуправа обезбедени се четири возила и опрема за противпожарна заштита во Пелагонискиот плански регион

Милевски: Со поддршка на Министерството за локална самоуправа обезбедени се четири возила и опрема за противпожарна заштита во Пелагонискиот плански регион

Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Општина Демир Хисар, како и општините Битола, Крушево и Прилеп, со поддршка на Министерството за локална самоуправа располагаат со нови возила и опрема за противпожарна заштита.Средствата за противпожарното возило во Демир Хисар, во вкупна вредност од 8 милиони денари, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој со кофинансирање од општина Демир Хисар во износ од 2 милиони денари.

- Со поддршка на Министерството за локална самоуправа се обезбедени четири противпожарни возила и опрема за потребите на општините од Пелагонискиот плански регион, со што придонесуваме кон  решавање на долгогодишниот проблем а  тоа е недостиг од современа функционална противпожарна опрема.  Со набавката на ново противпожарно возило за потребите на општина Демир Хисар се зголемува безбедноста на граѓаните  од овој дел од регионот како и ефикасноста и брзината на интервенциите кои оваа територијална противпожарна единица ги врши не само на територијата на Демир Хисар туку по потреба и во соседните општини, рече Милевски.Тој истакна дека Министерството за локална самоуправа прави максимални напори за финансирање на сите добри проекти што го помагаат развојот на планскиот регион и на општината.- Веќе е одобрен и проектот за набавка на механизација за чистење на пат за потребите на село Големо Илино и подобрување на пристапноста до манастирскиот комплекс Св. Илија, а во фаза на одобрување се уште три нови проекти, меѓу кои и ново јавно осветлување на регионалниот пат на делот што поминува низ Демир Хисар, што ќе значи подобрување на безбедноста на жителите, но и на сообраќајот на овој дел од регионалниот пат Битола-Кичево, каде што има зголемена фрекфенција на движење на луѓе и на возила, истакна министерот. дма/аа/

Остани поврзан