• среда, 25 декември 2024

Милевски со Несторовски како шпиц ќе ја напаѓа Финска

Милевски со Несторовски како шпиц ќе ја напаѓа Финска
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски се одлучи на вечерашниот пријателски натпревар со Финска, во првите единаесетмина да го стави повратникот во националниот тим, Илија Несторовски. Милевски мечот ќе го почне со: Димитриевски, Серафимов, Муслиу, Елмас, Алиоски, Барди, Ристовски, Бејтулаи, Николов, Спировски и Несторовски. Финска ќе истрча во следниот состав: Јоронен, Иванов, Тејлор, Лод, Антман, Лингман, Алхо, Олила, Поњанпало, Хосконен и Сухонен. Натпреварот ќе се игра вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот. зс/

Остани поврзан