• вторник, 26 ноември 2024

Милевски: Путин несвесно направи обединување на Европската Унија

Милевски: Путин несвесно направи обединување на Европската Унија
Скопје, 2 март 2022 (МИА) - Се надевам, оптимист сум дека после оваа криза ќе се промени и односот на Бугарија кон нас, дека оваа криза ќе има позитивен притисок врз нивниот однос, дека ќе тргнеме заедно напред, а не да бидеме кочничари, посочи министерот за локална самоуправа, Горан Милевски. На вечерашното гостување на Телевизија 24, Милевски рече дека Европа е загрижена, и ако не го спречиме ова однесување на Путин, не знаеме каде ќе се прошири. - Сакаме да живееме во цивилизација, во слободно општество, европски вредности, и ако така сакаме, треба да го спречиме ова лудило на Путин, треба да бидеме солидарни со Украинскиот народ, рече министерот. Според него, со Преспанскиот договор се овозможи Македонија да биде членка на НАТО и сега преку примерот на Украина видовме колку е важно да се биде членка на НАТО. ар/цр

Остани поврзан