• среда, 15 мај 2024

Милевски: Преку атмосферска канализација и нови улици ја зголемуваме регионалната конкурентност во Македонски Брод

Милевски: Преку атмосферска канализација и нови улици ја зголемуваме регионалната конкурентност во Македонски Брод
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Каналот Песјак за атмосферска и фекална канализација и каналот Лоштица за атмосферска канализација ги решија децениските проблеми со кои се соочуваа жителите, се заокружи колекторскиот систем, се заштити земјоделското земјиште и животната средина како и имотот на граѓаните од надојдените води, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски при посетата на општина Македонски Брод.Како што информира Министерството за локална самоуправа, Милевски го посети и селото Суводол кое е едно од четирите села каде комплетно се модернизираат улиците, кои од земјени ќе бидат поплочени со павер елементи. Министерот Милевски се сретна и со градоначалникот на Македонски Брод Жарко Ристевски.Проектот „Доизградба на каналот Лоштица за прифаќање и одведување на атмосферски води“ во Македонски Брод“ опфаќа доизградба на 300 метри од овој атмосферски канал во Македонски Брод.Проектот е во висина од 5.800.000 денари финансиран од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2022 година.-Покрај овој проект беше изведена и изградбата на улици со вкупна должина од 1.481 метар во Суводол и во селото Грешница со вкупна должина од 407,5 метри, проект кој е 50 проценти финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, а другите 50 проценти се средства обезбедени од буџетот на Општина Македонски Брод. Вкупната вредност на проектот е 13.332.000 денари, се вели во соопштението од Министерството за локална самоуправа. мд/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан