Милатовиќ: Ноќ што ја чекавме 30 години
- Новоизбраниот претседател на Црна Гора Јаков Милатовиќ вечерва изјави дека ова е „ноќта што ја чекаме повеќе од 30 години“ и посочи дека вечерва Црна Гора направи одлучувачки чекор напред и решително се збогува со режимот на Мило Ѓукановиќ.

Подгорица, 2 април 2023 (МИА) - Новоизбраниот претседател на Црна Гора Јаков Милатовиќ вечерва изјави дека ова е „ноќта што ја чекаме повеќе од 30 години“ и посочи дека вечерва Црна Гора направи одлучувачки чекор напред и решително се збогува со режимот на Мило Ѓукановиќ.
-Нека ни е на сите среќа оваа победа, изјави Милатовиќ.
Милатовиќ додаде дека Црна Гора направила чекор кон понапредна и поевропска Црна Гора. сд/