• понеделник, 23 декември 2024

Милан одлучи за цената на Ернандез

Милан одлучи за цената на Ернандез

Милано, 28 февруари (МИА) - Милан одлучи за цената на Тео Ернандез. Клубот е подготвен да се раздели со играчот во летото 2024 година, пренесува новинарот Матео Морето.

Раководството верува дека фудбалерот може да го напушти тимот за 70-80 милиони евра.

Беше објавено дека за Ернандез се заинтересирани Баерн Минхен и клубови од Премиер лигата и Саудиска Арабија.

Милан ја разгледува и можноста за продолжување на договорот со играчот.

Дваесет и шестгодишниот Французин игра за Милан од 2019 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на дефанзивецот на 55 милиони евра. Неговиот договор со Милан е до летото 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан