Милан и Ал Хилал договорија трансфер на Ернандез
- Италијанскиот прволигаш Милан и саудиски Ал-Хилал постигнаа договор за трансфер на францускиот дефанзивец Тео Ернандез, објави денеска инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс.
Милано, 7 јули 2025 (МИА) – Италијанскиот прволигаш Милан и саудиски Ал-Хилал постигнаа договор за трансфер на францускиот дефанзивец Тео Ернандез, објави денеска инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс.
Според информациите, двете страни сè уште треба да ги прецизираат формалностите и да го комплетираат договорот.
Милан ќе добие 25 милиони евра отштета за Хернандез, а францускиот фудбалер ќе го потпише договорот до крајот на оваа недела.
Минатата сезона, Ернандез одигра 49 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи пет голови, а додаде и шест асистенции. ег
ФОТО: ЕПА