• петок, 05 декември 2025

Милан заинтересиран за Рамош

Милан заинтересиран за Рамош

Милано, 19 јули 2025 (МИА) - Раководството на Милан преговара со агентите на напаѓачот на ПСЖ, Гонзало Рамош.

Клубот од Милано може да плати 30 милиони евра за трансферот на 24-годишниот португалски репрезентативец.

Тековниот договор на напаѓачот со ПСЖ е до 2028 година. 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Рамош играше на 46 натпревари на сите турнири, постигна 19 гола и направи шест асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан