Милан го бара Далот
- Португалецот се натпреварува за позицијата со апсолутниот стартер Арон Ван-Бисака и Тимоти Фосу-Менса. Младиот Брендан Вилијамс исто така може да игра на позицијата десен бек.

Милано, 29 септември 2020 (МИА) - Милан е заинтересиран за десниот бек на Манчестер Јунајтед, Диого Далот. Младинскиот репрезентативец на Португалија одигра само еден натпревар за „црвените ѓаволи“ по рестартирањето на сезоната 2019/20 и сè уште нема натпревар од почетокот на новата кампања.
Португалецот се натпреварува за позицијата со апсолутниот стартер Арон Ван-Бисака и Тимоти Фосу-Менса. Младиот Брендан Вилијамс исто така може да игра на позицијата десен бек.
Далот слета на „Олд Трафорд“ од Порто за околу 19 милиони фунти во 2018 година и има 34 настапи за клубот. Милан сака да се засили на позицијата десен бек, откако веќе покажа интерес за Серж Орие од Тотенхем и Макс Аронс од Норич.