• четврток, 19 декември 2024

Милан без Леао во клучниот натпревар во ЛШ

Милан без Леао во клучниот натпревар во ЛШ

Милано, 13 ноември 2023 (МИА) – Италијанскиот прволигаш Милан потврди денеска дека најмалку три недели ќе биде без својот најдобар фудбалер Рафаел Леао поради повреда на Португалецот.

Леао се повреди на прволигашкиот дуел против Лече (2-2) и нема да може да му помогне на својот тим во клучниот дуел против Борусија Дортмунд на 25 ноември на кој на Милан ќе му биде потребна победа за да ги задржи шансите да ја мине групната фаза во Лигата на шампиони.

Леа досега сезонава во дресот на Милан има четири голови и четири асистенции.

Милан по четири кола е третопласиран во групата Ф со пет бодови, еден помалку од вториот ПСЖ, а два од лидерот Борусија Дортмунд. Њукасл на последното места има освоено четири бодови. ег/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан