• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Милановиќ во Хаг: Гледам што е во интерес на Хрватска

Милановиќ во Хаг: Гледам што е во интерес на Хрватска

Хаг, 25 јуни 2025 (МИА) – Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој учествува на самитот на НАТО во Хаг, изјави дека „никогаш не биле усвоени пократки предлози“.

- Овде за ништо не се гласа. Никогаш пократки предлози не биле усвоени. Тоа е една страница текст која на многу нејасен и недефиниран начин се осврнува на одбранбените трошоци, рече хрватскиот претседател.

Што се однесува до трошоците за одбрана, тој рече дека „единствено што го интересира е колку далеку може да јава на неговиот долар“.

- Ако со 5 отсто од БДП ќе можам да купам многу мали способности и ако цените растат – тогаш не правиме добра работа. Затоа што со ова не може да управува невидливата, либертаријанска рака на пазарот, изјави Милановиќ.

Тој потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп пред два-три дена напиша еден твит „keep all the prices down“.

- Тоа е пуста желба, но многу интересно и мотивирачко за ова за што се зборува и може да се примени на цените на оружјето овде, рече тој.

- Држете ги цените на оружјето ниско. Постои ли некаква горна граница на цената?, праша Милановиќ.

- Тоа е тема. Јас зборував за тоа, не забележав дека некој друг го спомена, а тоа е клучно. Ако Индија во судир со Пакистан изгубила еден или два „Рафали“ кои чинеле над 200 милиони евра по единица, која е смислата на таквата набавка? Секогаш ќе постои некој што ќе може да го плати тоа, ние нема да можеме, рече тој и додаде: „Ако веќе одиме кон тие пет отсто, во што, да бидеме искрени, јас баш и не верувам. Јас не сум НАТО навивачка која со кастанети ја забавува публиката, туку гледам што е реално за Хрватска и што е наш интерес.“

- Наш интерес е да дефинираме способности кои ни се важни, а притоа да потрошиме што помалку пари плаќајќи им на трети страни. Ако ние нешто ќе произведуваме – супер, не гледам што, но супер. Ако мораме нашите пари да им ги даваме на други по сè повисоки цени, тогаш твитот на Трамп е – супер, рече Милановиќ.

- Гарантирај ми цена, како при откуп на пченица. Овде сме се нашле заради планирање, заеднички напор. Не можеме да им препуштиме на приватните инвеститори да нè рекетираат, рече тој.

- Тоа нè води во должничко ропство, предупреди хрватскиот претседател. јт/

Фото: ЕПА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан