Микати: Либан и Сирија ќе работат заедно за да ги обезбедат своите копнени граници
- Либан и Сирија заедно ќе работат за да ги обезбедат своите копнени граници, како и на исцртување на копнените и поморските граници, изјави денеска во Дамаск привремениот либански премиер Наџиб Микати.
![Микати: Либан и Сирија ќе работат заедно за да ги обезбедат своите копнени граници](https://mia.mk/images/20250111172522_big_730x400_1.webp )
Дамаск, 11 јануари 2025 (МИА) – Либан и Сирија заедно ќе работат за да ги обезбедат своите копнени граници, како и на исцртување на копнените и поморските граници, изјави денеска во Дамаск привремениот либански премиер Наџиб Микати.
За време на првото патување на либански премиер во соседна Сирија по 15 години, Микати се обрати на заедничка прес-конференција во Дамаск со де факто лидерот на Сирија Ахмед ал-Шара.
Ал Шара рече дека разговарале за разни прашања, вклучително и шверцот меѓу двете земји, граничните предизвици и сириските депозити во либанските банки. јт/
Фото: Микати на Х