• понеделник, 23 декември 2024

Мизрахи: Во овој момент е небулозно да се зборува за онлајн матура, затоа што таа нема да има никаков ефект

Мизрахи: Во овој момент е небулозно да се зборува за онлајн матура, затоа што таа нема да има никаков ефект
Скопје, 1 април 2020 Маски и ракавици државата треба во овој момент да има не само за медицинските работници, туку исто така и за полицијата и за војската. Доколку веќе е воспоставен кризен систем, би требало да ги заштитиме оние кои се на прва линија на одбрана, но и целокупното население. Треба да се пресмета колкав број на ракавици и маски се потребни секојдневно за секое лице. Хируршките маски имаат максимално времетраење од два дена, вели поранешната министерка за социјала и труд во техничката влада, д-р. Рашела Мизрахи. Официјалниот став на ВМРО-ДПМНЕ околу образовниот систем пак, вели таа е предлог за укинување на матурата оваа година. -Имајќи впредвид дека може да настанат системски компликации, бидејќи сепак децата изостануваат од училиште еден извесен период. Онлајн учењето неможе во целост да се спроведе бидејќи сите деца не се оспособени со ајти комуникација, особено оние од социјално - ранливата категорија на семејства. Мислам дека оваа година матурата треба да се изостави. Сметам дека тоа треба да се направи со некава уредба. Во овој момент е небулозно да се зборува за онлајн матура, затоа што смеатам дека истата нема да има никаков ефект, вели Мизрахи. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан